186
Арсенал слави голема победа над Манчестер Сити во второто полуфинале од ФА Купот кое се играше денеска на Вембли.
По мирното прво полувреме во кое мрежите мируваа, следеа возбудувања во вториот дел. Во 62. минута Агуеро му донесе водство на Манчестер Сити.
Но, радоста на Граѓаните не траеше ни десет минути, во 71. минута по нафрлување од Чембрлејн, Монреал погоди за изедначување на 1-1.
Во регуларните 90 минути немаше победник, па се премина кон продолженија. Во 101. минута Алексис Санчез се најде на вистинското место и постигна гол за победа на Арсенал од 2-1.
Во финалето од ФА Купот Арсенал ќе игра против Челси кој вчера го победи Тотенхем со 4-2.