Милан поразен на свој терен од Емполи, Лацио ја наполни мрежата на Палермо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан беше голем фаворит во дуелот со Емполи, но направи голем кикс, загуби со 2-1.

Резултатот беше отворен на пет минути пред крајот на првиот дел кога Мхедлидзе му донесе водство на Емполи од 1-0.

Милан во 59. минута имаше голема шанса да го изедначи резултатот но Сусо промаши пенал. Казната стигна осум минути подоцна кога Тиам погоди за водство на Емполи од 2-0.

До крајот на мечот Милан успеа само да го намали водството на 2-1, што беше и конечен резултат.

Палермо на Несторовски и Трајковски доживеа вистински дебакл од Лацио, загуби со 6-2.

По само 26. минути игра беше 5-0 за Лацио, Кеита постигна хет-трик, Имобиле реализираше два погодоци.

Палермо во второто полувреме одговори со два гола на Рисполи за 5-2, но во судиското продолжение Креко постигнува погодок за конечни 6-2.

Несторовски го одигра целиот меч, Трајковски влезе на 15. минути пред крајот на мечот.

Наполи одигра 2-2 на гостувањето кај Сасуоло, Торино со 3-1 го победи Киево во Верона. Сампдорија со 2-1 загуби од Кротоне, а со истиот резултат Удинезе го совлада Каљари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани