Премиерлигашка трка за Дрес Мертенс

by
1 минути читање

Мертенс игра во фантастична форма и е најдобар играч на Наполи оваа сезона, па интересот за неговите услуги е голем.

Неговиот договор со Наполи е до јуни 2018 година, тој одбива да потпише нов, па клубот ќе мора да го продаде ова лето со цел да заработи од неговото заминување.

„Медиасет“ пишува дека Тотенхем и Манчестер јунајтед се силно заинтересирани за Мертенс кој се проценува на околу 30 милиони евра.

Се шпекулира дека Манчестер јунајтед веќе стапиле во контакт со фудбалерот и му понудиле годишна плата од 4,5 милиони евра.

Мертенс оваа сезона има 27 голови и 12 асистенции во 40 меча од сите натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани