505
Гол-шоу на Артемио
Франки, Фиорентина со 5-4 славеше во дуелот со Интер.
Домаќините дојда
во водство од 1-0 со голот на Весино во 23. минута, но до крајот на првиот дел
Интер направи пресврт и со погодоците на Перишиќ и Икарди поведе со 1-2.
Бернардески
промаши пенал на стартот од вториот дел, но и покрај тоа на гостите им се случи
„потоп“.
Астори изедначи
на 2-2 во 63. минута, а само 60 секунди подоцна, Весино погоди за нов пресврт и
предност на Фиорентина од 3-2.
Потоа следуваа
два гола на Бабакар за убедлива предност на домаќините од 5-2.
Интер не се
откажа, и со двата гола на Икарди во завршницата стигна до 5-4, но гостите
немаа ниту сили ниту време за нешто повеќе.