Голеада на лондонското дерби на Вембли, Челси е прв финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси е првиот
финалист во ФА Купот откако вечерва го доби дуелот со лондонскиот ривал Тотнем.

Двата тима кој
најмногу прикажаа во Премиерлигата оваа сезона, приредија возбудлив и
атрактивен натпревар на Вембли.

Вилиан го отвори
резултатот по само пет минути игра, а Кејн изедначи на 1-1 во 18. минута.

Кон финишот на
првиот дел, Вилиан од пенал го врати Челси во предност, но на стартот од
второто полувреме, Али донесе ново изедначување.

Азар во 75.
минута стрелаше за 3-2 а точка на натпреварот во голем стил стави Матиќ со
прекрасен гол во 80. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани