108
Иако Бонучи во декември потпиша нов договор со Јувентус, англискиот весник „Телеграф“ вели дека Манчестер Сити е подготвен да плати 60 милиони евра за потписот на дефанзивецот.
Бонучи и Киелини ги нарекуваат „ѕидот“ пред Буфон кој не беше пробоен за Барселона во двата четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите.
Дефанзивата на Манчестер Сити не е најдобра оваа сезона, па Пеп Гвардиола не планира да штеди пари за да ја засили, а неговиот прв пик е токму Бонучи.
Јувентус сигурно нема лесно да се откаже од Бонучи и иако понудата на Манчестер Сити е висока.
Се верува дека ако Јувентус ја освои тројната круна, Бонучи би можел да посака нов предизвик во кариерата и да се пресели во Премиерлигата.