„Каталонците“ се
во потрага на нов тренер откако Луис Енрике реши да замине летоска по истекот
на договорот.
Медиумите
шпекулираа со голем број на имиња, од Ернесто Валверде, Хорхе Сампаоли и Карлос
Унзуе до Јирген Клоп, Маурисио Покетино и Масимо Алегри.
Според пишувањата
на А Бола, сега има нов кандидат за наследник на Луис Енрике.
Португалскиот весник пренесува дека предводникот на Монако, Леонардо Жардим сега е прва
желба на Барса.
Клубот од малото
кнежество има одлична сезона под водство на Леонардо Жардим, Монако игра
атрактивен и офанзивен фудбал и е во битка за три титули.
Монако е лидер во
првенството на Франција, ќе игра полуфинале во Лигата на Шампионите, како и
полуфинале во Купот на Франција.
А Бола додава
дека Леонардо Жардим е желба и на Арсенал, но наводно стратегот е спремен да
замине од Монако само за Барселона.