Во замена за Де Геа, Мурињо го бара Варан или Мората

by
1 минути читање

Давид Де Геа
одново се поврзува со трансфер на Сантијаго Бернабеу, се говори дека
„Кралевите“ се спремни да платат неверојатни 70 милиони евра.

Оваа сума ќе биде
рекордна за еден голман, во моментов најскап чувар на мрежата се уште е Џиџи
Буфон за кого Јувентус во 2001 плати 50 милиони евра.

Сепак, Жозе
Мурињо има други планови и за да се раздели со Давид Де Геа, менаџерот на
Манчестер јунајтед за возврат ќе бара фудбалер од редовите на Реал Мадрид.

Прв пик на
Португалецот е 24 годишниот Алваро Мората, кој не добива голема минутажа и
покрај тоа што редовно ги користи укажаните шанси и постигнува голови речиси
секогаш кога е на теренот.

Како втора опција
е Рафаел Варан, Жозе Мурињо добро го познава 23 годишниот дефанзивец за кого и
претходно изрази желба да го ангажира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани