Интер и Милан покажаа класа и испратија охрабрувачки пораки до Ибрахимовиќ (ФОТО)

by
2 минути читање

Швеѓанецот во
четвртокот заработи повреда на коленото на дуелот со Андерлехт во Лига Европа.

Во исчекување на
деталните тестови, во Италија се појавија гласини за страшна повреда на Златан
Ибрахимовиќ.

Се говори дека
напаѓачот го оштетил средниот вкрстен лигамент и задниот вкрстен лигамент, и го
чека пауза од осум до девет месец.

Со ваква прогноза,
Златан Ибрахимовиќ би се вратил на терените дури на стартот од 2018, па со
оглед на тоа дека играчот веќе има 35 години, многумина стравуваат дека оваа
повреда би можела да стави крај на неговата кариера.

По ваквите
информации, Интер и Милан, два клуба за кој настапуваше „Ибракадабра“,
испратија охрабрувачки пораки до фудбалерот.

„Вистински победници
како тебе никогаш не се откажуваат! Форца Ибрахимовиќ
– гласеше пораката на „Нероаѕурите“
на Твитер.

„Еднаш борац,
секогаш борец! Оздрави и врати се брзо Ибрахимовиќ
– гласеше пораката на „Росонерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани