Серхио Каналес
како тинејџер блесна во редовите на Расинг Сантандер, па го привлече вниманието
на најголемите клубови од Шпанија.
Реал Мадрид ја
доби битката за фудбалерот од средниот ред и талентираниот Шпанец заврши на
Сантијаго Бернабеу во 2010.
„Ќе умрев од срам
кога за прв пат со 18 години влегов во соблекувалната на Реал” – вели Каналес.
„Не знаев каде да
седнам, ниту пак до кого да седнам”.
„Бев опкружен со играчи на кои им се восхитував. Одеднаш се најдов покрај нив, бев во иста
соблекувална со нив”.
Серхио Каналес во
Реал Мадрид се задржа само една година, потоа беше позајмен на Валенсија, а
подоцна „Лос Че“ во целост го откупи играчот.
Тој сега игра во
Реал Сосиедад и никогаш не ги исполни големите очекувања пред се поради
големиот број повреди.
Шпанецот во три
наврати ги скина лигаментите на коленото.