Страшна прогноза за Ибрахимовиќ, напаѓачот во „аут“ девет месеци!?

by
1 минути читање

Загрижувачки
вести за Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед по вчерашната повреда на Златан
Ибрахимовиќ, кој лошо доскокна по еден воздушен дуел во завршните мигови од
регуларниот дел на дуелот со Андерлехт во Лига Европа.

Скај Спортс и
уште неколку весници пренесоа дека сезоната е завршена за напаѓачот поради
повреда на коленото.

Но многу
пострашна прогноза пристигнува од Италија.

Реномираниот
новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека Златан Ибрахимовиќ го оштетил средниот
вркрстен лигамент (ACL) и задниот вкрстен лигамент (PCL).

Доколку деталните
тестови го потврдат ова, Швеѓанецот би паузирал помеѓу осум и девет месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани