Барса се обидува со „дупка“ во правилата Нејмар да игра на „Ел Класико“

by
1 минути читање

Бразилецот е
суспендиран за „Ел Класико“ откако на дуелот со Малага заработи црвен картон и
доби три натпревари суспензија.

Барселона ја
обжали казната до Фудбалската федерација на Шпанија, но вчера им беше одбиена
жалбата.

„Каталонците“
имаат право целиот случај да го однесат пред шпанскиот Суд за спортска арбитража
(ТАД) и клубот од Камп Ноу најави дека ќе го стори токму тоа

ТАД денеска го одржа
својот редовен состанок, но до 15 часот пред судиите не пристигна жалбата на
Барселона, и тие не го разгледаа случајот.

Се шпекулира дека
Барселона намерно одолговлекува и целата документација ќе биде доставена
подоцна во денот или пак утре.

„Каталонците“
сметаат дека ќе искористат „дупка“ во правилата, и поради тоа што утре нема да
може да биде разгледан целиот случај, казната на Нејмар треба привемено да биде
ставена во мирување и играчот во недела да настапи на „Ел Класико“.

Но неколку медиуми пишуваат дека ваквата очајна стратегија нема да помине, и Нејмар дефинитивно нема да игра против Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани