338
Тренерот на Тотнем, Анге Постекоглу како и Мурињо и Конте претходно, се увери дека во клубот нема победнички менталитет.
„Јас сакам само да изградам победнички тим. Сакам да победувам. За жал во последните 48 часа видов дека темелите се навистина кревки. И внатре во клубот и надвор од клубот“, вели Постекоглу по поразот од Сити.
Тој алудира на тоа дека и навивачите, но и луѓе внатре во клубот не сакале победа против Сити со цел Арсенал да не биде шампион. Тоа според него е знак дека во клубот нема победнички менталитет.
Пред да заминат од клубот тоа го потенцираа и неговите претходници, Жозе Мурињо и Антонио Конте, па останува да се види каква ќе биде иднината на Постекоглу.