Што направи Мурињо пред голот на Рашфорд? (ФОТО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед синоќа извојуваше тешка победа над Андерлехт, победувајќи со 2-1 дури во продолжението.

Натпреварот не се одвиваше најдобро за Мурињо, неговиот тим се мачеше на теренот, а дополнителна главоболка му донесоа повредите на Рохо и Ибрахимовиќ.

Само некоја минута пред Рашфорд да го постигне победничкиот гол, Мурињо беше уловен од фотографите како од џебот вади некое ливче и го бакнува.

Португалецот, а и многумина може да веруваат дека токму тоа среќно ливче им ја донесе победата на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани