Пике со нова провокација до Реал пред „Ел Класико“: Навикнати се да ги свират на Бернабеу и кога победуваат (ФОТО)

by
2 минути читање

Реал Мадрид и
Барселона ќе се сретнат во недела, а битката надвор од терените веќе започна, Жерард
Пике е тој што прв упати провокација.

Весникот Марка,
кој е близок до Реал Мадрид, вчера имаше дебата за однесувањето на публиката на
Камп Ноу.

И покрај тоа што
Барса потфрли на реваншот со Јувентус, одигра само 0-0 и беше елиминирана од
Лигата на Шампионите, навивачите со аплауз ги испратија своите миленици.

Па Жерард Пике
ова го искористи да го „пецне“ лутиот ривал.

„Сигурно ви боде
во очи тоа што гледате како Камп Ноу му аплаудира на својот тим и покрај
елиминацијата
– напиша
дефанзивецот на Барса на Твитер.

„Тие (Реал
Мадрид) се навикнати да слушаат свирежи, иако се пласираа понатаму…

Фудбалерот на
Барса зборува за свирежите кои Кристијано Роналдо ги доби во вторникот против
Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани