Монако е пријатно изненадување оваа сезона, францускиот тим е лидер во домашното првенство пред моќниот ПСЖ, а се пласира и во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Тие имаат млад и атрактивен тим, па дел од фудбалерите се мета на големите клубови.
Медиумите од Англија велат дека Челси имал испратено скаути на вчерашниот натпревар кои ги следеле Бакајоко, Менди и Лемар.
22-годишниот Бакајоко игра на позицијата дефанзивен фудбалер за врска и веќе некое време е мета на Челси, но се поврзува и со други клубови меѓу кои и Манчестер јунајтед.
И покрај добрата форма на Маркос Алонсо, Челси често се поврзува со леви бекови, висико на низната листа е Бернард Менди.
21-годишниот Томал Лемар е офанзивен крилен играч за врска кој исто така се поврзува со дел од најголемите клубови.
Проценката е дека доколку Челси сака во пакет да го купи ова трио ќе треба да одвои приближна сума до 150 милиони евра.
Да потсетиме, пред две години Венгер имал шанса во пакет да ги купи Канте и Лемар за само 15 милиони евра, но го одбил таквиот предлог.