Раниери: Подготвен сум да се вратам на работа

by
1 минути читање

Во интервју за „БТ Спорт“, Клаудио Раниери вели дека е подготвен за враќање на фудбалот по мала пауза откако доби шокантен отказ од клубот на кој му донесе историски и сензационален трофеј.

„Подготвен сум да се вратам на работа“ – изјави Раниери.

„Би можел да се вратам и во Англија. Зошто да не? Јас сум европски тренер, каде и да има добар проект би можел да работам“.

Се шпекулира дека Клаудио Раниери би можел да биде нов тренер на Ватфорд. Раководството на клубот не е задоволно од работата на Волтер Мацари па наскоро може да му врачи отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани