Унгарскиот судија, Виктор Кашаи беше во центарот на вниманието на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен откако направи неколку клучни грешки на штета на германскиот тим.
Според шпанските медиуми, ситуацијата отишла до таму да тројца од фудбалерите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, Артуро Видал и Тиаго Алкантара успеале да влезат во соблекувалната на судијата и со бројни навреди вербално го нападнале.
Ситуацијата се смирила со интервенција на полицијата која буквално ги вадела фудбалерите на Баерн Минхен од соблекувалната на судијата.
Реал Мадрид синоќа победи со 4-2 и се пласираше во полуфиналето, но овој резултат е во сенка на судиската арбитража која е главна тема по натпреварот.
“Lewandowski,Vidal y Thiago SE HAN METIDO en el vestuario del árbitro tras el partido y le han INSULTADO”, @JLSanchez78 #ChiringuitoMadrid pic.twitter.com/cvi1ZzoO91
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 18, 2017