Анчелоти бесен на судиите: Воведување на видео технологија е веќе неопходно!

by
1 минути читање

Баерн Минхен играше одлично на Сантијаго Бернабеу, но унгарскиот судија Виктор Кашаи направи 3-4 клучни грешки кои му помогнаа на Реал Мадрид да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Се справувавме со се на овој натпревар освен со судиите. Штета што се случуваа такви работи, бидејќи натпреварот беше перфектен“ – вели Анечлоти.

„Горд сум на моите фудбалери, тие направија се што можат и повеќе од тоа, но потоа се случуваше тоа што се случуваше. Судиите едноставно не беа на висина на задачата“.

„Не мислам дека Реал Мадрид има влијание врз судиите. Едноставно официјалните лица беа лоши на овој натпревар. Никогаш не сум бил за видео технологија, но морам да кажам дека веќе е неопходна“.

„Не можете да одлучувате пласман во полуфинале од Лигата на шампионите на овој начин. Зборував со Зидан после натпреварот и тој се сложи со мене дека судиите беа лоши“.

„Не треба да се случуваат вакви работи на ова ниво, се надевам дека судиите ќе имаат помош од технологија колку што е можно побрзо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани