Кристијано Роналдо е првиот фудбалер кој постигнал 100 гола во Лигата на шампионите

by
0 минути читање

Од првиот гол во дресот на Манчестер јунајтед против Рома во 2007, до вечерва против Баерн Минхен, Кристијано Роналдо има постигнато вкупно 100 голови во Лигата на шампионите.

Португалецот стана првиот фудбалер кој успеал да дојде до ваков голем јубилеј во Лигата на шампионите кога погодоците се во прашање.

Роналдо има одиграно 137 натпревари во елитното натпреварување. 

Против Баерн Минхен беше неговиот шести хет-трик во Лигата на шампионите, во оваа статистика Меси го држи рекордот со седум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани