Реал Мадрид со „судиски ветар“ до полуфиналето во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид го продолжува патот кон одбрана на трофејот откако го добија и второто полуфинале против Баерн Минхен.

Кристијано Роналдо беше јунак на Реал Мадрид со хет-трик, тоа беше и негов 100. гол во Лигата на шампионите.

Но она за што најмногу ќе се зборува по овој натпревар е очајната арбитража на судијата Виктор Кашаи во корист на Реал Мадрид.

Кашаи направи најмалку три големи, клучни грешки во полза на Реал Мадрид, навивачите на Баерн Минхен со право можат да бидат бесни.

Најпрво судијата не му додели втор жолт картон на Касемиро, иако во два наврати можеше тоа да го направи, при пеналот за Баерн Минхен и остриот старт врз Робен.

Артуро Видал беше престрого исклчучен, Баерн Минхен остана со играч помалку при водство од 2-1.

Израмнувачкиот гол на Реал Мадрид беше постигнат од длабока офсајд позиција на Кристијано Роналдо, а имаше мал офсајд и при неговиот трет гол кога беше проигран од Марсело.

Баерн Минхен имаше убава шанса да помине понатаму, водеше со 1-0 со гол на Левандовски, и со 2-1 по автогол на Серхио Рамос, но судиските грешки го сменија текот на мечот. 

Во продолженијата Роналдо постигна два гола, еден Асенсио со што Реал Мадрид на крајот славеше убедлива победа од 4-2 и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани