Барса се уште е во срцето на Дани Алвеш, Бразилецот клекна на колена и го бакна амблемот на клубот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дани Алвеш одигра
скоро 400 натпревари во дресот на Барселона, па утрешната средба ќе биде
специјална за десниот бек.

Јувентус реши да
не тренира на Камп Ноу денеска, па играчите имаа само мала прошетка на
стадионот.

Кога Дани Алвеш
излезе на теренот, тој клекна на колена и го бакна амблемот на Барса кој е
исцртан на тревата, потег кој беше поздравен од навивачите на „Каталонците“ на
социјалните мрежи.

„Чуството е
одлично што се враќам на Камп Ноу
– рече Бразилецот на прес конференцијата.

„Немав прилика за
ова откако го напуштив клубот, па кога излегов на тревата, веднаш почуствував
енергија
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани