Тухел: Борусија Дортмунд ќе напаѓа цел натпревар

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд загуби со 3-2 на свој терен од Монако во првиот четвртфинален натпревар кој се играше само еден ден по нападот на автобусот на домашните фудбалери.

Утре е реваншот во Монако каде што Дортмунд ќе ја брка негативата од првиот меч.

Треба да играме добро и уверен сум дека така ќе биде“ – вели Тухел.

„Тука донесов квалитетен состав кој е способен да победи со два гола разлика. Нашиот имиџ е да се обидуваме да постигнуваме голови. Ќе напаѓаме од првата до 90. минута од натпреварот“.

„Подготвени сме за натпреварот и максимално фокусирани. Знаеме дека ќе биде тешко, но уверени сме. Ние сме напаѓачки состав и ќе креираме шанси колку што можеме повеќе“.

„Имаме добар микс од искусни и млади фудбалери. Играме добро во Лигата на шампионите и сакаме да останеме во натпреварувањето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани