398
Фудбалерот од
средниот ред имал сериозни проблеми со бубрегот откако добил силен удар на
натпревар со Баер Леверкузен во Лигата на Шампионите во сезоната 2014/15.
На патот кон
соблекувалната Саул Нигез повратил неколку пати и имал грчеви, па веднаш бил
пренесен во болница на детални тестови
„Последните две сезони
играм со катетер” –
открива сега Шпанецот во разговор со Мега.
„Мочав крв по
секој тренинг и секој натпревар, ова навистина не беше пријатно”.
„Си го загрозив
здравјето со цел да ги бранам овие бои и да го остварам сонот”.