„Левандовски ќе го однесе Баерн Минхен во полуфинале“

by
1 минути читање

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и освојувач на Лигата на шампионите, Џовани Елбер верува дека вечерва Левандовски ќе биде клучот на Баварците за пласман во полуфиналето.

„Левандовски ќе го однесе Баерн во полуфиналето, сигурен сум во тоа“ – вели Елбер за Билд.

„Навистина им недостасуваше во првиот натпревар, но тој секогаш може да постигне два гола и во моментов е во фантастична форма“.

Кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд, Левандовски му даде четири гола на еден натпревар на Реал Мадрид.

Сепак, според резултатот и играта од првиот дуел, Реал Мадрид е голем фаворит за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, но Баерн Минхен на Бернабеу нема да излезе со бело знаме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани