94
Францускиот репрезентативец како и дел од останатите играчи, игнорираа група на фанови кои бараа внимание и по некој автограм. Нешто што се случува многу често.
Фудбалерите особено пред важни натпревари се комплетно фокусирани на предизвикот и ретко кога целосно можат да им се посветат на фановите, но некои од нив многу трагично го сфаќаат одбивањето.
Една девојка држеше дрес од француската репрезентација на Гризман, тој ја погледна, но не застана да и се потпише. Таа почна да плаче, а татко и збесна. Велеше дека поминал 200 километри за неговата ќерка да добие потпис од Гризман.
Односот на фудбалерот не беше таков каков што тие очекуваа, но се чини дека и нивната реакција е претерана.