„Нејмар, Меси и Суарез се како ајкули“

by
0 минути читање

Јувентус во среда со предност од 3-0 ќе истрча на Камп Ноу, предноста е огромна, но Барселона веќе покажа дека може да сврти голема негатива.

Киелини знае дека тој и неговите фудбалери не смеат да се опуштат бидејќи ако некој може да ги казни, тоа е токму Барселона.

„Тие се ајкули кои ако намирисаат крив ќе ве докрајчат. Ако ги сочуваме нивните клучни играчи во опасните зони, ако ги притиснеме, бидеме огранизирани, животот ќе им биде многу тежок. Ако само стоиме позади без притисок и ги чекаме, ќе изгубиме“ – изјави Киелини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани