23 годишниот
Шпанец игра одлично во дресот на Милан, па се најавува негово враќање на Камп
Ноу.
„Да, Деулофеу е
опција за иднината” –
вели спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез за ТВ3.
„Сериозно
размислуваме да го вратиме”.
Според пишувањата
на Спорт, „Каталонците“ веќе донеле одлука на Евертон да му платат 12 милиони
евра и да ја активираат опцијата за враќање на офанзивниот играч во своите редови.
Но Спорт додава
дека фудбалерот го има последниот збор и право на вето на зделката.
За да се врати на
Камп Ноу, Жерард Деулофеу има еден услов, бара гаранции околу улогата
во првиот тим и минутажата.
Шпанецот стравува
дека Барса би можела само да го искористи како адут во преговорите за купување
на некоја од трансфер целите, или пак веднаш да го продаде за брз профит.
Извештајот вели
дека лидерите на „Каталонците“ наскоро ќе се сретнат со агентот на играчот за да ги испеглаат сите детали, и состанокот ќе се случи по „Ел Класико“ и дуелот со Реал Мадрид во недела.
Жерард Деулофеу
важеше за еден од најперспективните играчи во популарната „Ла Масиа“ во последните години и се
најавуваше како новата голема ѕвезда од младинската школа на Барса, но никогаш
не доби шанса да блесне во првиот тим.
По една успешна
сезона на позајмица во Евертон, тој се врати на Камп Ноу со ветување дека ќе
има прилика да се докаже, но неколку месеци подоцна беше испратен на позајмица
во Севиља.
Во јули 2015,
Жерард Деулофеу беше продаден на Евертон, а откако оваа сезона не успеа да се
наметне кај Роналд Куман, „Карамелите“ го испратија на позајмица во Милан во
јануари.