Галијани: Тотално полудев по голот на Запата

by
1 минути читање

Адриано Галијани 31 година беше десна рака на Силвио Берлускони и беше присутен на речиси секој натпревар на Сан Сиро во тој период. Но во саботата препознатливото лице го немаше на трибините.

Со доаѓањето на новите газди на Милан, Галијани замина од функцијата, па не присуствуваше на големото дерби против Интер. Тој натпреварот го гледал во ресторан со пријатели и поранешни колеги.

Запрашан како го проследил голот на Запата кој падна во 97. минута од натпреварот и го спаси Милан од пораз, Галијани одговори: „Како и вообичаено, тотално полудев“.

„На емоционално ниво ништо не се промени кај мене. Јас продолжувам да навивам за Милан без разлика што повеќе не сум дел од бордот на директори на клубот“.

„Зборував и со Силвиот Берлускони и тој беше среќен. Секој кој мисли дека ние сега им посакуваме лоши резултати на новите газди, длабоко греши“.

„Зборував и со Винченцо Монтела, ние не заслуживме да загубиме. Интер не може да се жали затоа што примиле гол во 97. минута, бидејќи и нас ни се случи во Торино против Јувентус“.

„Можеби ќе се вратам на Сан Сиро за следниот натпревар, ќе видиме. Зборував со новиот извршен директор, Марко Фасоне со кој сме во одлични односи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани