Додека Манчестер јунајтед беше во акција за постигнување гол, Гери Кејхил наместо да ја организира одбраната да ги блокира позициите на противникот, тој го креваше на нозе паднатиот Лингард.
„Наместо да ги истера своите соиграчи напред, да блокираат, тој му помага на противникот да стане“ – се дол од коментарите на социјалните мрежи.
Но верзијата на Кејхил е поинаква, тој вели дека не бил џентлмен, само сакал побрзо да го крене Лингард за да не биде досуден пенал.
„Не мислев на фер плеј, ниту го примивме голот поради тој потег. Бев нервозен, помислив дека судијата би можел да свири пенал, па побрзав да го кренам Лингард од земја. Можеби така изгледаше, но не ми беше тоа намерата. Само сакав да избегнеме пенал“ – вели Кејхил.
Ladies and Gentlemen, Gary Cahill is a Gentleman, he is nothing like that racist John Terry. pic.twitter.com/4ljP9jDePg
— UtdWay (@UtdWay) April 16, 2017