102
Првиот инцидент се случи пред почетокот на натпреварот, додека фудбалерите на Лион се загреваа за мечот, навивачи на Бастија влегоа во теренот и ги нападнаа. Играчите успеаа да се повлечат во соблекувалната.
Поради инцидентот, натпреварот доцнеше дури 55 минути. Почна, се одигра првото полувреме по што следуваше нов напад.
Навивачите на Бастија уште еднаш влегоа на теренот сакајќи да се пресметаат со играчите на Лион кои повторно успеаа да избегаат во соблекувалните, но не ни помислуваа и по трет пат да излезат.
Медиумите јавуваат и за повредени играчи на Лион. Натпреварот нема да се доигра, а се очекува Бастија да биде ригорозно казнета за големите инциденти во режија на нивните навивачи.