Лидерот во Премиерлигата, Челси денеска на Олд Трафорд беше комплетно надигран и поразен со 2-0 од Манчестер јунајтед. Сега предноста на „сините“ во однос на Тотнем е само четири бода.
„Мислам дека тие заслужено победија бидејќи покажаа поголема желба и мотивација од нас“ – вели Конте.
„Но во овој случај мислам дека вината е на тренерот. Јас сум виновен за поразот. Не им ја внесов вистинската желба и мотивација на фудбалерите за еден ваков натпревар“.
„До крајот на сезоната мора да покажеме вистински ентузијазам, мотивација и пасија за да ја оствариме целта која ја имаме“.
„Секој натпревар е различен од другиот и ќе повторам, денеска тие заслужија да победат, мора да го признаеме тоа“.
„Мораме да работиме заедно и да ја вратиме желбата за победи. Се уште сме во одлична позиција, но Тотнем е во многу добра форма и играат многу добро, мораме и ние така“.