Мурињо: Не го одмаравме Ибрахимовиќ, имавме поинаков план за игра на овој натпревар

by
1 минути читање

Сите беа изненадени пред почетокот на мечот кога Жозе Мурињо одлучи да почне без Златан Ибрахимовиќ, а на клупата беше и Хенрих Мхитарјан. Но Португалецот знаел што прави. Јунајтед одигра фантастичен меч, го надигра Челси и оствари победа.

„Можеби не одмаравме фудбалери во пресрет на мечот против Андерлехт, едноставно го одбравме тимот кој сметавме дека би бил најдобар за овој меч“ – вели Жозе Мурињо.

„Во куп натпреварот на Стемфорд Бриџ отидовме со истата тактика и натпреварот беше под тотална контрола кога игравме 11 на 11, по една одлука останавме со десет фудбалери и тогаш Челси доби шанса да доминира“.

„Знаевме дека ако играме на овој начин, натпреварот ќе биде многу тежок за нив“.

„Маркус Рашфорд одигра фантастично добро. Тој имаше многу добар натпревар и на Стемфорд Бриџ во купот, иста шанса да постигне гол, бидејќи е побрз од нивните дефанзивци“.

„Овој пат погоди и тоа му даде на тимот повеќе самодоверба и стабилност“.

„Одигравме многу добар натпревар, фудбалерите дисциплнирано го исполнија планот кој го поставивме пред натпреварот и остваривме одличен резултат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани