Лук Шо беше цел на големи критики од Жозе Мурињо. Португалецот јавно изјави дека не е задоволен од фитнисот на играчот, неговиот фокус и желба да го даде најдоброто на теренот.
По тој момент Шо доби шанса да се врати во тимот и вели дека ќе направи се до крајот на сезоната да му покаже на Мурињо дека заслужува да биде во составот.
„Ќе направам се што сака тој. Секогаш сум бил работник, но ако погледнам назад, можеби не работев толку напорно колку што тој сакаше“ – вели Шо.
„Имав добар разговор со него, тој ми зборуваше што сака од мене и само за недела и пол видов огромна промена во мојот живот, не само на теренот туку и надвор од него“.
„Сега е на мене да се борам до крајот на сезоната и да му покажам на тренерот дека можам да му помогнам на тимот“.
„Можеби тој само се обидуваше да го извади најдобриот од мене, сиот мој потенцијал. Мислам дека се обидува да ме направи подобар играч бидејќи длабоко во себе тој верува во мене“.
„Верувам дека е така, затоа не ги сфатив работите на лош начин. Тој се обидува да ми помогне, и ме тера да го правам тоа што тој верува дека можам. Затоа сега треба да се борам, да бидам фит и да го импресионирам, да бидам левиот бек на Манчестер јунајтед во наредните години“.
Претходно и Рој Хоџсон и Луи ван Гал имаа замерки на подготвеноста на Лук Шо, тој под водство на Мурињо конечно сфатил дека треба да го подобри фитнесот.
„Направив огромни промени во мојот животен стил во поглед на диетата и начинот на живот. Сфатив дека треба да сум попрофесионален, тоа го научив особено оваа година со Мурињо“.
„Го променив целиот мој животен стил, ги променив работите и на тренинзите и надвор од фудбалот. Морам да внимавам многу, бидејќи на стартот од сезоната бев многу комфорен“.