110
Ударот од 11
метри треба да е најдобра шанса за гол во фудбалот, но ова правило не важи за
„Колчонероси“ оваа сезона.
Избраниците на
Диего Симеоне вчера за две минути промашија два пенали.
Најпрво Сиригу го
одбрани ударот на Караско, а голманот на Осасуна 60 секунди подоцна беше подобар
и во дуелот со Томас.
Со новите две
промашувања, Атлетико Мадрид сега имаа серија од шест нереализирани најстроги казни.
Целиот Висенте
Калдерон вчера беше во неверица а објаснување не можеше да понуди ниту Диего
Симеоне.
„Не можам да
објаснам, навистина е тешко да се објасни зошто промашуваме” – вели тренерот на „Колчонероси“.