82
Монако ја задржа
предноста од три бода во однос на ПСЖ откако вчера потешко од очекувањата
славеше со 2-1 над Дижон.
Гостите имаа
предност од 0-1 на полувреме, но се се промени кога во вториот дел во игра
влезе Радамел Фалкао.
Во 70. минута,
напаѓачот фантастично биеше од слободен удар, топката заврши во пречката па во
голманот и застана на гол линијата, но Дирар се погрижи мрежата на гостите да
биде затресена.
Десет минути
подоцна, популарниот „Ел Тигре“ одново маестрално биеше од слободен удар а
голманот на Дижон не мрдна и само со поглед ја испрати топката во мрежата.