78
Второпласираниот тим во Бундеслигата синоќа со убедливи 4-0 го победи Фрајбург и сигурно ќе остане меѓу четирите најдобри бидејќи има дури 18 бода повеќе од петопласираната Херта на пет кола до крајот на првенството.
Но и покрај пласманот на позицијата која води во Лигата на шампионите, нејасно е дали Лајпциг ќе игра таму.
Проблем се правилата на УЕФА кои велат дека два клуба со ист сопственик не можат да се натпреваруваат во исто натпреварување.
Компанијата Ред Бул покрај Лајпциг е сопственик и на Салзбург кој ќе биде шампион во Австрија и исто така ќе има право на настап во Лигата на шампионите.
Во наредниот период се чека УЕФА и официјално да се изјасни околу случајот со клубовите на Ред Бул.