Пандев против „својот“ Лацио го постигна првиот гол во Серија А оваа сезона (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во 32. коло од
Серија А, Горан Пандев за прв пат се зпиша во листата на стрелците оваа сезона.

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ погоди против „својот“ Лацио.

Напаѓачот доби
шанса од клупата во 61. минута, и на асистенција на Ласовиќ донесе водство од
2-1 во 78. минута.

Сепак голот не
беше доволен за три бода, гостите во 91. минута изедначија на 2-2 преку
Алберто.

Палермо имаше нова
разочарувачка партија пред своите фанови, „Сицилијанците“ попладнево одигра
само 0-0 против Болоња и покрај тоа што имаше играч повеќе од 25. минута.

Илија Несторовски
и Александар Трајковски беа стартери, но не успеаа да му помогнат на својот тим
да стигне до три бода.

Јувентус сигурно
чекори кон нова титула, „Старата Дама“ со 0-2 славеше кај Пескара.

Рома пред своите фанови киксна и одигра само 1-1 проив Аталанта, а со ист
резултат заврши и дуелот помеѓу Торино и Кротоне.

Каљари со 4-0
славеше над Киево, а Емполи приреди изненадување и со 1-2 победи на гостувањето
кај Фиорентина.


Geno by goalsarena2017

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани