Запата во 97. минута го спаси Милан од пораз во големото дерби против Интер! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер и Милан одиграа возбудливо дерби кое заврши без победник 2-2, по едно полувреме имаа и двете екипи.

Милан подобро го почна мечот, имаше неколку шанси за гол, ја погоди и стативата, но откако не успеа да поведе, казната стигна.

Во 36. минута по асистенција од Галардини, Кандрева постигна гол за водство на Интер од 1-0.

Пред истекот на првото полувреме, Перишиќ одлично го пронајде Икарди кој го зголеми резултатот на 2-0, Интер со комотно водство замина на одморот.

Нероазурите го контролираа почетокот од второто полувреме и изгледаше дека без проблеми ќе дојдат до трите бода, но финишотму припадна на Милан.

Во 83. минута по нафрлување на Сусо, Ромањоли добро реагираше и го намали водството на Интер на 2-1.

Судијата покажа пет минути продолжение на натпреварот, но поради тоа што немаше многу активен фудбал реши да даде и дополнителни две минути за игра. Во 97. минута Запата постигна гол за нерешени 2-2 и голема радост на Милан.

По крајот на мечот Интер е тој што жали бидејќи пропушти водство од 2-0, Милан слави голем бод освоен пред самиот судиски свиреж за крај на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани