Фан на Лестер објаснува како се нашол на погрешно место во погрешно време во Мадрид

by
1 минути читање

27-годишниот Енди Рудкин со својот татко биле во Мадрид да го бодрад Лестер во мечот од Лигата на шампионите, но патувањето се претворило во хорор. 

„Слушнавме врева на плоштадот (Плаза Мајор) и отидовме да видиме што се случува. Видовме како полицијата тепа навивачи, никогаш претходно не сум видел такво нешто“ – објаснува навивачот на Лестер.

„Ние сакавме да се тргнеме од местото и неколку полицајци појдоа по нас, му реков на татко ми дека треба да бегаме“.

„Татко ми беше удрен со пендрак. Тргнав да им кажувам дека тој ми е татко но и двајцата бевме уапсени“.

„Видов како на социјалните мрежи не нарекуваат хулигани, но тоа не е точно. Никогаш во животот не сум бил во неволја“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани