Реал Мадрид без неколку ѕвезди против Спортинг Хихон

by
0 минути читање

Безема и Роналдо ќе добијат одмор со цел да бидат свежи за дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, а Герет Бејл нема да настапи поради повреда.

Покрај напаѓачкото трио, во тимот нема да биде ниту голманот Кејлор Навас, Дани Карвахал е суспендиран, а Варан и Пепе се повредени.

Повикан е младиот играч Алваро Техеро за да се пополни бројот од 18 фудбалери, а можно е и Фабио Коентрао да го има вториот свој настап оваа сезона.

Реал Мадрид е прв во Примера со три бода повеќе од Барселона но и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани