Поради раниот термин, дербито на Милано ќе урива рекорди на гледаност

by
1 минути читање

Милан и Интер имаат кинески сопственици, па терминот од 12:30 не е случаен. Според италијанските медиуми, вкупната тв гледаност на мечот ќе биде неверојатни 862 милиони луѓе. 

Убедливо најголемиот дел од нив ќе бидат од Кина, поради сопствениците двата клуба се дополнително атрактивни во оваа земја.

Натпреварот ќе биде пренесуван од 39 тв куќи, ширум светот.

Според „Газета дело Спорт“ ќе биде срушен и приходот од продадени билети. Натпреварот е распродаден, а Интер ќе инкасира 4 милиони евра од влезници. Претхофниот рекорд го држеше Интер кој во септември за мечот против Јувентус заработи 3,9 милиони евра.

И двата меча биле распродадени, но разликата во полза на заработката за утрешниот меч ја направиле корпоративните гости, на мечот помеѓу Интер и Јувентус имало празни седишта кои биле наменети за нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани