И Клоп „удри“ по УЕФА: Доколку во автобусот беа тие што ги носат одлуките сигурно немаше да се игра фудбал

by
2 минути читање

Од таборот на
Борусија Дортмунд се пожалија од третманот на европската куќа на фудбалот, а
најжесток беше тренерот Томас Тухел.

Тој обвини дека
никој не ги прашал дали можат да играат и УЕФА сама ја донела одлуката средбата
со Монако да се одигра неполни 24 часа по нападот врз автобусот на
„Милионерите“ кој беше мета на три експлозии.

Во критиките сега
се надоврза и Јирген Клоп, кој долги години беше на кормилото на Борусија
Дортмунд.

„Прилично сум сигурен дека дека немаше да се одигра натпреварот доколку луѓето кои ги носат
одлуките беа во автобусот
– вели менаџерот на Ливерпул.

Запрашан како се
чуствувал по вестите за нападот, Германецот рече; „Ми беше навистина тешко
.

„Често сум
престојувал во хотелот кога бев тренер на Дортмунд. Знам точно каде се наоѓа,
каков е патот и многу мои пријатели беа во автобусот
.

„Бев загрижен,
исплашен. Имав контакт со неколку луѓе, но не сакав премногу да ги замарам со
глупави прашања, па како и сите останати чекав да слушнам повеќе информации
.

Јирген Клоп потоа
додаде: „Бев навистина горд на Дортмунд и како тие се справија и атмосферата
која ја креираа. Играчите го дадоа максимумот
.

„Но ги видов
лицата на моите поранешни играчи по крајот на натпреварот и забелажав шок во
нивните очи. Очигледно ќе им треба време за да го надминат ова
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани