Мурињо „удри“ по напаѓачите: Да бев на местото на дефанзивците ќе им се налутев на Ибра, Рашфрод, Лингард и Марсијал

by
2 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
беа на добар пат да победат во Белгија откако поведоа со голот на Мхитарјан во
37. минута.

Но Андерлехт
успеа да се избори за реми во завршницата, првиот шут во раките на голот, домаќините го
претворија во погодок преку Дендонкер во 87. минута.

Жозе Мурињо беше
разочаран од исходот на натпреварот и за ова прстот го впери кон офанзивните
играчи, Португалецот верува дека тие предвреме требале да го решат победникот.

„Мораме да го
„убиеме“ натпреварот

рече „Специјалниот“ по крајот на средбата. „Имавме контрола, имавме шанси, но
не постигнуваме голови… па ризикувавме
.

„Имавме простор
за игра, простор предвреме да го решиме противникот, многу шанси, многу
полу-шанси. Но правевме лоши одлуки, лоша контрола на топката, немарен прв
допир“.

„Во одбрана бевме
одлични, компактни, солидни, но ни се случи една грешка и бевме казнети“.

„Мојот Англиски е
лош, па не можам да најдам подобар збор од немарни, такви бевме вечерва
.

„Да ги собереме
перформансите на нашите напаѓачи и да се обидеме да ги исцедиме нема да истече
многу сок
.

„Играчите зад нив
беа многу солидни, многу фокусирани. Да бев дефанзивец на Манчестер јунајтед ќе
им се налутев на офанзивните играчи и ќе бев многу разочаран од нив
.

„Маркус Рашфорд,
Златан Ибрахимовиќ, Џеси Лингард, Антони Марсијал, мислам дека сите одиграа
слично
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани