Натпреварот на Парк
ОЛ доцнеше нешто повеќе од половина час откако настана голем хаос на трибините.
Стотици фанови се
симнаа на теренот откако беа фрлени пиротехнички средства, а потоа настанаа и
неколку масовни тепачки на трибините.
Откако
ситуацијата се смири и судијата даде знак натпреварот да почне, гостите за
кратко време дојдоа во предност.
Бабел искористи едно невнимание и донесе водство за Бешикташ од 0-1 во 15.
минута.
Но домаќините
успеаа да направат пресврт во вториот дел, а голема заслуга за тоа има и
гостинскиот голман.
Најпрво Толисо
одлично се снајде во 83. минута и изедначи на 1-1, а само 120 секунди подоцна, голманот
на Бешикташ не знаеше што да прави со една вратена топка и му овозможи на Морел
да донесе предност за Лион од 2-1.