Шампионот на
Шпанија имаше неколку лоши партии оваа сезона и според пишувањата на Спорт,
алармот е вклучен по поразот од 3-0 на гостувањето кај Јувентус.
Весникот вели дека летоска ќе се случат големи промени на Камп Ноу и ќе биде
направена значајна реконструкција на тимот.
Нема да има многу
трансфери, но новите имиња ќе бидат играчи од висок квалитет, кои ќе можат да
направат разлика и за кој ќе треба да се одвои голема сума на пари.
На листата со
желби има неколку фудбалери, а на врвот е Филипе Кутињо од Ливерпул.
Марко Верати од
ПСЖ и Ектор Бељерин од Арсенал исто така се желби, како и Паоло Дибала, но
тешко дека Аргентинецот ќе го напушти Јувентус откако денеска стави потпис на
нов договор.
„Каталонците“
исто така планираат да промовираат неколку играчи од младинскиот погон откако
популарната Ла Масиа беше подзаборавена изминативе неколку години.
Карлес Алења ќе
добие шанса во првиот тим, а веројатно на Камп Ноу ќе се врати Жерард Деулофеу
како и Серхи Сампер.
Клубот веројатно
ќе го напуштат Жереми Матју и Арда Туран, а се разгледува опцијата Андре Гомеш,
Лукас Дињ и Пако Алкасер да бидат пратени на позајмица во потрага на поголема
минутажа.