117
Јувентус ги израдува своите навивачи со веста дека е продолжена соработката со Пауло Дибала до 2022 година.
Јувентус го купи Дибала од Палермо за 34 милиони евра во 2015, а тој го потврди својот голем потенцијал во црно-белиот дрес.
Дибала беше мета на шпекулации кои го поврзуваа со трансфер во шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, но неговата иднина е во Јувентус.
Според италијанските медиуми, Дибала ќе заработува исто колку и Игуаин, седум милиони евра по сезона.
Тој со два гола беше херојот на Јувентус на првиот четвртфинален меч против Барселона во Лигата на шампионите.