173
Шангај плати 60 милиони фунти за да го донесе Оскар во своите редови. Кога ќе дадете таква сума очекувате многу од фудбалерот, во најмала рака да не промашува по два пенали на натпревар, но токму тоа му се случи на Бразилецот.
Шангај загуби на гостувањето во Јапонија кај Урава Редс, резултатот можеше да биде поинаков ако Оскар погодеше барем еден од пеналите во 65. и 76. минута.