Зидан: Нојер е како ѕид!

by
1 минути читање

Баерн Минхен го загуби мечот од Реал Мадрид на свој терен со 2-1, ноќта за Баварците ќе беше уште полоша доколку Нојер не бранеше во брлијантна форма.

„Не е лесно да се победи тука. Се мачевме многу во првото полувреме. Со трпение и одземање топки на противникот второто полувреме беше многу подобро, а уште полесно беше откако имавме играч повеќе“ – вели Зидан.

„Тоа не беше пенал за нив, но такви работи се случуваат, можеше да биде 2-0 за Баерн. Па на паузата бевме среќни што губевме само со 1-0“.

„На крајот малку сме и разочарани бидејќи имавме многу шанси во второто полувреме, но тие имаа голман кој е ѕид“.

„Остваривме позитивен резултат, но има уште еден меч за играње, ништо не е решено“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани