370
Борусија Дортмунд го загуби одложениот меч со Монако, а се чини дека големо влијание за исходот имаше и грозниот настан кој се случи ден претходно кога фудбалерите на германскиот тим доживеаа бомбашки напад кој за среќа не заврши со страшни последици.
„Преку текстуална порака бевме известени дека УЕФА донела одлука. Одлуката паднала во Швајцарија. Нас никој не не праша“ – вели Тухел.
„Не можевме за еден ден да го заборавиме она што ни се случи, а тоа е многу лошо чувство. УЕФА инсистираше да се игра, и се разбира дека игравме. И не сакаме оваа ситуација да ја користиме како изговор“.
„Сакавме да имаме повеќе време да се справиме со тоа што се случи, но некој во Швајцарија одлучил дека мора да играме“.